По повод Денот на македонската статистика, 1 јуни, годинава, Државниот завод за статистика распиша конкурс за ликовни творби на ученици од V до IX оддление од сите основни училишта во Република Македонија, на тема „Светот низ бројки“. На Конкурсот пристигнаа 513 ликовни творби кои беа поделени во три категории според возраста на учениците: V и VI одделение, VII и VIII одделение и IX одделение. Комисијата за оценка на детските ликовни творби, формирана со Решение на Директорот на Државниот завод за статистика бр.0204-1960/2 од 12.05.2016 година, во состав: Саше Барјактаров-претседател, Боро Арсовски-член и Гоце Стоилковски-член, професори од Средното државно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје и Дамир Пух-член и Александар Ефтимовски-член, вработени во Државниот завод за статистика, ги разгледа и оцени пристигнатите ликовни творби и ги објави следниве резултати:
За најдобри творби во првата категорија за V и VI одделение, Комисијата ги избра творбите на учесниците: 1 место: Теона Бидовска VI3 одд. од ООУ „Св.Климент Охридски“ - Скопје 2 место: Нина Гулија VI6 одд. од ООУ „Војдан Чернодрински“ - Скопје 3 место: Христијан Кочовски VIа одд. од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола За најдобри творби во втората категорија за VII и VIII одделение беа избрани творбите на учесниците: 1 место: Мунира Исмајлоска VIII2 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ - с.Подгорци, Струга 2 место: Пандора Манева VII одд. од ООУ „Никола Карев“ - Кочани 3 место: Ивона Прошевска VIIa одд. од ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија За најдобри творби во третата категорија за IX одделение беа избрани творбите на учесниците: 1 место: Ангела Петрова IXб одд. од ООУ „Димче Ангелов Габерот“ - Демир Капија 2 место: Суела Рамадани IX одд. од ООУ„Наим Фрашери“ - Тетово 3 место: Ненад Крстески IXа одд. од ООУ „Григор Прличев“ - Скопје Исто така, Комисијата оцени дека поради посебниот квалитет на ликовните творби треба да бидат пофалени и следните учесници: 1. Кирил Јанев VIа одд. од ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино 2. Давид Николовски од ООУ „Вера Јоциќ“ - Скопје 3. Анастасија Симовска VI одд. од ООУ „Шемшово“ , П.У. Жилче - Јегуновце, Тетово 4. Суела Рамадани IX одд. од ООУ„Наим Фрашери“ - Тетово 5. Ангела Чурлинова VIб одд. од ООУ „Крсте Мисирков“ - Гевгелија 6. Зинајда Бафтјари VI одд. од ООУ „Рилиндија“ - с.Селце, Тетово 7. Елена Авкова VIII1 одд. од ООУ „Тошо Велков - Пепето“ - Кавадарци 8. Марјан Тасевски VIII1 одд. од ООУ „Александар Здравковски“ - Јегуновце, Тетово 9. Марија Ристевска VIIIб одд. од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ - Скопје 10. Роберт Ристов VII1 одд. од ООУ „Тошо Велков - Пепето“ - Кавадарци 11. Лола Филиповска VIIа одд. од ООУ „Јахја Кемал Јуниор“ - Скопје 12. Харис Авмедоски VIII1 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ од с.Подгорци, Струга 13. Климентина Димитриеска VIII2 одд. од ООУ „Гоце Делчев“ од с.Подгорци, Струга Денот на македонската статистика ќе биде одбележан со изложба на ликовните творби на учениците - учесници на конкурсот „Светот низ бројки“ на која ќе бидат доделени и признанија за наградените. Настанот ќе се одржи на 3 јуни (петок) 2016 г. во 12 часот, во Домот на АРМ во Скопје.