Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Податоците од Попис 2021 на едно место
четврток, 20 октомври 2022

 

Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 отсега достапни и во правата публикација  под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“.

 

По обработката на податоците и објавувањето во сетови, Државниот завод за статистика ја подготви и првата публикација од Пописот 2021 во која се содржани клучните показатели за населението, домаќинствата и становите во Северна Македонија. Преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите -  на ниво на целата држава, но и по општини.

Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА.

Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото: „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“




© Државен завод за статистика