Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работилница со носителите на збирки на административни податоци
петок, 30 јуни 2017

 

 

Денеска во Скопје се одржа втората по ред работилница во рамките на подготовките на новата Петгодишна програма за статистички истражувања за периодот 2018-2022, овој пат посветена на можностите што административните збирки на податоци ги нудат за користење за статистички цели.


Учесници на Работилницата беа 30-ина претставници на институции кои по која било основа прибираат податоци и ги складираат во збирки, кои диксутираа за методолошките усогласувања во прибирањето на податоците кои потоа би можеле да се користат за статистичките истражувања со што во голема мера би се олеснил товарот на давателите на податоци.


И оваа Работилница беше организирана во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA) и Македонската платформа против сиромаштија (МППС), а оваа соработка ќе продолжи и во иднина.




© Државен завод за статистика