Државниот завод за статистика го одбележа Денот на македонската статистика - 1 јуни. На свечениот собир што се одржа по тој повод, во присуство на голем број учесници во статистичкиот систем на Република Македонија, даватели и корисници на статистичките податоци, статистичари и почитувачи на статистиката, зборуваа директорот на Државниот завод за статистика, г-ѓа Лидија Костовска, и заменикот-директор на Заводот, м-р Дејан Станков. Поводот беше одлична можност за сумирање на постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочуваше Заводот и резултатите кои се плод на посветената работа на менаџментот и вработените во Државниот завод за статистика.