Во рамките на соработката со Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола, која произлегува од потпишаниот Меморандум за соработка, вчера, пред студентите и професорите се одржаа две предавања од областа на статистиката.
Заменикот-директор м-р Дејан Станков и раководителот на Секторот за деловни статистики, замјоделски статистики и статистики на животната средина, Мирјана Бошњак, одржаа предавање на тема „Официјалните статистички податоци – придобивки за академската заедница“, а колегите м-р Љупка Тасевска и Дејан Пеески одржаа предавање на тема „Методи на спроведување статистички истражувања“.
Предавањата наидоа на голем интерес од страна на присутните студенти и професори кои со внимание ги проследија настапите на претставниците на Државниот завод за статистика и изразија заинтересираност оваа пракса да продолжи и во иднина.