Државниот завод за статистика со свој тим учествуваше на овогодишниот Скопски маратон и на тој начин даде поддршка на оваа најмасовна спортска манифестација што секоја година се оддржува во Република Македонија. Претставниците од Државниот завод за статистика беа меѓу 8000. учесници на маратонот од 46 земји. Учеството на настани од овој тип претставува одлична можност за промоција на културата на работењето на ДЗС, а истовремено и можност за јакнење на тимскиот дух кој влијае на соработката и комуникацијата помеѓу вработените во државната администрација.