Почитувани корисници,
Како овластен носител на статистичкиот систем во Република Македонија, Државниот завод за статистика е обврзан на јавно соопштување во случај на погрешно толкување на статистичките податоци.
Имено, последниве денови дел од медиумите во Република Македонија презентираа податоци од публикацијата „Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2015“, што Државниот завод за статистика ја објави неодамна.
Во веста што беше пласирана во дел од медиумите се вели дека „речиси 30 отсто од домаќинствата во Македонија месечно располагаат со околу 100 евра“. Овој податок воопшто не соодветствува на податоците објавени во публикацијата на Државниот завод за статистика, бидејќи е произволен и веројатно произлегува од личните погрешни пресметки на авторот на текстот.
Имено, вкупниот оценет број на домаќинства во Република Македонија, 561 693, е поделен на 10 децилни групи и во првата децилна група спаѓаат 56006 домаќинства кои годишно во просек имаат расположливи средства од 78654 денари а доколку се пресмета месечно, во просек изнесува 6555 денари. Овој број на домаќинства претставува 9.97% од вкупниот број на домаќинства во РМ, а не 30% како што наведува авторот на текстот.
Упатуваме корисниците да го имаат во предвид јавното соопштение при користењето на податоците од публикацијата „Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2015“