Во рамките на соработката со Фондот за население на ОН, во периодот од 12 до 14 ноември 2018 година Државниот завод за статистика организираше средби со различни целни групи на тема Попис на населението, домаќинствата и становите. На средбите, меѓународниот експерт за пописи, г.Вернер Хауг, ги презентираше меѓународните стандарди за спроведување на пописи на населението, а директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, ги претстави активностите што ги презема Заводот во врска со подготовките за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ.
Поконкретно, беа организирани одделни средби со претставници на медиумите, Think Tank институциите и невладините организации.
Интересот и одзивот на овие средби беше голем, а дискусиите кои се развија по завршувањето на презентациите беа многу корисни и претставуваат добра основа за развивање на понатамошна соработка и дискусија.
Овие средби претставуваат почеток на јавната дебата за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија што треба да се спроведе во 2020 година.