Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Посета на експерти од твининг-проектот на СЕП „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети на ЕУ интегративниот процес“
среда, 16 септември 2015

 Во рамките на твининг-проектот на СЕП „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети на ЕУ интегративниот процес“, во текот на оваа недела во Државниот завод за статистика се спроведува активноста „Преглед на методологиите за хармонизација, транспозиција и препораки за подобрување“ за Работната група 18-Статистика, дел од Националната програма за усвојување на европското законодавство.

Во текот на вчерашниот ден, експерти од Твининг-проектот имаа средба и разговори со заменикот-директор на Државниот завод за статистика, како и работни средби со членовите на Работната група 18-Статистика.

Целта на оваа мисија е да се направи преглед на методологиите за хармонизација и транспозиција, како и да се дадат препораки во насока на натамошно усогласување на македонското со европското законодавство во областа на статистиката.



© Државен завод за статистика