Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Истражување за безбедноста на жените во семејството и општеството
петок, 29 јули 2022

 

Во периодот од 28 јули до 20 септември 2022 година, Државниот завод за статистика ќе го спроведе истражувањето за безбедноста на жените во семејството и општеството.

Истражувањето се спроведува во согласност со препораките на европската статистика. Испитаничките, избрани по случаен пат, ќе бидат телефонски контактирани и имаат можност да изберат начин на одговор на прашалникот (преку телефон, посета на анкетар во домаќинството или самопополнување, преку претходно дадена електронска адреса).

Прашањата се однесуваат на начинот на живот, безбедноста, семејството, контактот со лицата во семејството, но и надвор, во секојдневниот живот.

Анкетниот прашалник содржи неколку секции на прашања на кои се одговара во зависност од доживеаните случки во текот на животот.
 

Според Законот за државната статистика, добиените податоците се користат исклучиво за статистички цели и се објавуваат збирно. 
 
За дополнителни информации може да се обратите до Државниот завод за статистика:

 

info@stat.gov.mk   

02/3295735, 023295835 или 02/3295666.




© Државен завод за статистика