На 30 и 31 мај 2016 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Државниот завод за статистика, што ја спроведува Евростат, во соработка со Европската комисија. Претставниците на Евростат и на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија најнапред остварија средба и разговори со директорот на ДЗС. Притоа тие беа запознаени со активностите на Заводот во изминатиот период, како и со идните планови во насока на унапредување на работата, подобрување на квалитетот и осовременување на процедурите за прибирање и пристап до податоците на Заводот. Беа остварени и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот, кои подетално ја презентираа својата работа и достигнувањата во насока на усогласување на македонското со европското законодавство во областа на статистиката. За време на мисијата беа остварени и работни средби и разговори и со останатите институции што се дел од статистичкиот систем во Република Македонија и тоа со претставници на Народната банка на Република Македонија и на Министерството за финансии.