Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година
вторник, 05 ноември 2024

 
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на државата за 2024 година во кој оценката за поглавјето 18 Статистика е дека земјата е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката.  Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок.
 
Оценката во Извештајот е уште една потврда дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските  принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ.
 
Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период.
 



© Државен завод за статистика