Вчера во Скопје се одржа вториот состанок на Управниот комитет на ЕУ-проектот „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци“.
На состанокот учествуваа претставници на Конзорциумот на БИМ Консалтинг и Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, спроведувачи на проектот и претставници од Државниот завод за статистика, Народната банка, Министерството за финансии, Централниот регистар и Делегацијата на ЕУ.
Беше дискутиран првиот извештај и беа презентирани прогресот на проектот и плановите за следните шест месеци.
Преку видеоконференција, ММФ го презентира својот проект за владините финансиски статистики во Западен Балкан.