Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Комисиите за пописните реони се подготвуваат за Пописот 2021
вторник, 16 февруари 2021

 

Во функција на подготовка за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, претседателите на комисиите за пописните реони, заедно со лицата ангажирани за административно-технички работи во комисиите, на 16.02.2021 година (вторник) имаа работен состанок со претставници на Државниот завод за статистика. 

На работната средба, покрај воведниот збор на заменикот на директорот, г.Илми Селами, беа доставени решенијата за именување на членови на комисиите за пописните реони и беа презентирани теми поврзани со надлежноста на Комисијата  за пописниот реон од аспект на Законот за Попис, 2021, со посебен осврт на  нејзиното административно-техничкото и финансиско-материјално работење во текот на пописните активности.

 




© Државен завод за статистика