Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Координативен состанок со Меѓународната организација на трудот
понеделник, 02 декември 2024

 

Со цел унапредување на соработката помеѓу двете институции, во Државниот завод за статистика се одржа состанок помеѓу директорот на Заводот, г. Дејан Станков и претставниците на Меѓународната организација на трудот, г. Емил Крстановски и г-ѓа Наташа Мечкароска Симјаноска.

На состанокот двете страни ја потврдија заложбата за интензивирање на соработката и ја потенцираа важноста на статистичките податоци што ги произведува Заводот во креирањето на политики, мерки и активности за подобрување на состојбата на пазарот на труд во земјава.

Договорено е да се обнови Меморандумот за соработка и беа дискутирани можните активности  за соработка во 2025 година.

 

  




© Државен завод за статистика