Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


„Предизвиците за официјалната статистика во светлината на препораките од европските партнери – оценка на македонскиот статистички систем “
вторник, 28 ноември 2017

 

Во рамките на соработката на Државниот завод за статистика со Канцеларијата на UNFPA во Македонија и со Платформата за справување со сиромаштијата, се одржа шестата по ред работилница од серијата предвидени работилници во врска со подготовката на Петгодишната програма за статистички истражувања 2018-2022.
На оваа работилница присуствуваа претставници на овластените носители во националниот статистички систем, како и од други институции кои поседуваат какви и да е евиденции и збирки на податоци.
Учесниците на работилницата заклучија дека е неопходна што поголема координација и соработка на институциите вклучени во процесот на производство на официјални статистики, а една од можностите за постигнување на таа цел е формирањето на предложениот Координативен комитет.




© Државен завод за статистика