Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба со бизнис-заедницата во Република Македонија
петок, 06 ноември 2015

 

Официјалните статистички податоци- придобивки и предизвици беше темата на тркалезната маса што денес ја организираше Државниот завод за статистика и на која учествуваа претставници на бизнис-заедницата во Република Македонија, како и претставници на трите стопански комори: Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија.


Посебен акцент во дискусијата беше ставен на значењето на бизнис-заедницата во процесот на доставување на податоци до Државниот завод за статистика кој понатаму ги продуцира податоците во официјални статистики, и придобивките за компаниите од користењето на официјални статистички податоци. Беше истакната потребата од продлабочување и интензивирање на соработката на компаниите со Државниот завод за статистика непосредно и преку стопанските комори во државата.


На тркалезната маса беа промовирани и потпишани новите меморандуми за соработка помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на стопанските комори на Македонија, како и меморандум помеѓу Државниот завод за статистика и Стопанската комора на Северозападна Македонија.


Настанот се одржа во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на статистиката под мотото Подобри податоци. Подобар живот.

 




© Државен завод за статистика