Во рамките на подготовките на Петгодишната програма за статистички истражувања, 2018-2022, Државниот завод за статистика (МАКСТАТ) во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (UNFPА), ќе организира повеќе активности во насока на зголемување на соработката меѓу Заводот и овластените носители што го чинат Националниот статистички систем, корисниците, давателите на податоци, бизнис- заедницата, невладините организации, академската заедница и др.
Со овие активности ќе се зајакне координативната улога на Државниот завод за статистика во насока на производство на подобри статистики и дефинирање на содржината на следната програма.
До крајот на месец јуни ќе бидат организирани две работилници, и тоа:
1. Работилница со овластените носители на Статистичкиот систем на Република Македонија, 22-23 јуни 2017 г., Маврово; 2. Работилница со носителите на административните извори на податоци, 30 јуни 2017 г., Скопје.