Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


ЕСС 2010 (ESA 2010) - стандард за пресметка на БДП
петок, 24 март 2017

 

Државниот завод за статистика, како носител на статистичкиот систем во Република Македонија, работи според меѓународно утврдени и прецизирани методологии и процедури за производство на статистичките податоци.


Еден од најважните показатели за нивото на економски развој е податокот за бруто-домашниот производ кој се пресметува според европската методологија ЕСС 2010 (ESA 2010) која е донесена од страна на Европското статистичко биро - Евростат.


Податоците на Државниот завод за статистика се објавуваат и од страна на Евростат, каде што се валидираат пред нивното објавување, а Евростат има воспоставено и систем на годишна оцена на квалитетот на податоците.


Во февруари 2017 година во Државниот завод за статистика се одржа Партнерско оценување на националниот статистички систем од страна на експерти-оценувачи ангажирани од страна на Евростат.


Оттаму, сметаме дека не постои основа за каков било сомнеж во квалитетот на податоците што ги објавува Државниот завод за статистика.


Дополнително, Државниот завод за статистика забележува дека дел од податоците наведени во соопштението на една политичка партија се неточно пресметани , а како стручна и професионална институција надлежна за официјалните статистики во државата, Заводот нема да навлегува во политички конфронтации и апелира статистичките податоци да не се користат за дневно-политички цели.




© Државен завод за статистика