На 18 ноември 2024 година, директорот на ДЗС, г. Дејан Станков, одржа состанок со г-ѓа Весна Прентоска, претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители.
На состанокот беше дискутирано за важноста на квалитетните сметководствени податоци и нивната употреба за статистички цели, беа разгледани повеќе активности за систематско унапредување на системите, а се дискутираше и за воспоставување заемна соработка преку размена на знаења и искуства. Исто така, беа презентирани чекорите кои Државниот завод за статистика ги презема за намалување на товарот на извештајните единици.
На состанокот беше договорено членовите на Институтот да учествуваат на тематски презентации за статистичките истражувања, што понатаму ќе придонесе за соодветно пополнување на статистичките обрасци и подобрување на квалитетот на податоците.