На 12 февруари 2025 година, во Државниот завод за статистика се одржа состанок со деканот проф. д-р Јонче Ивановски и професори од Факултетот за безбедност, на кој се дискутираше за можностите за идна соработка на двете институции.
Директорот на Заводот, д-р Дејан Станков, ја изрази подготвеноста на Заводот за соработка со Факултетот за безбедност, особено што еден од приоритетите на Заводот е унапредување и зголемување на обемот на соработката со академската заедница.
Претставниците на двете институции утврдија неколку области од заеднички интерес во кои може активно да се работи, а кои се однесуваат на можноста експерти од ДЗС да учествуваат на тркалезни маси организирани од Факултетот за безбедност, презентации за студентите на Факултетот за достапноста и користењето податоци од областа на судските статистики, користењето анонимизирани податоци за научноистражувачки цели, пракса за студентите од завршните години на Факултетот и др.
И двете страни се договорија соработката да започне со потпишување Меморандум за соработка во кој ќе бидат прецизирани активностите и временската рамка за нивна реализација.