Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Државниот завод за статистика и UN Women – докажани партнери
понеделник, 19 август 2024

 

Денес, раководителката на Канцеларијата на UN Women во Скопје, г-ѓа Весна Ивановиќ Кастаред го посети Државниот завод за статистика и оствари средба со в.д.директорот на Заводот, г. Дејан Станков.

На средбата и двете страни го потврдија извонредното партнерство што постои меѓу двете институции, големиот број постигнати резултати , како и плановите за натамошна соработка во рамките на партнерството во втората фаза од проектот Gender Equality Facility (GEF).

Стана збор и за продлабочување на соработката преку нови форми на активности со кои уште повеќе ќе се подигне свеста за значењето и употребната вредност на официјалните статистички податоци за родовата еднаквост.

                  

 




© Државен завод за статистика