Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Петти состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиките со стандардите на ЕУ“
петок, 16 март 2018

 

На 15.03.2018 год. во Скопје се одржа петтиот состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиките со стандардите на ЕУ“.

На состанокот беше разгледан и усвоен петтиот тримесечен извештај за Проектот и беа презентирани и дискутирани планираните активности за следниот период.

Од почетокот на имплементацијата на Проектот, октомври 2016, реализирани се 58 мисии и две студиски посети. Во петтиот квартал се реализирани 17 мисии на кои учествуваа 106 лица од ДЗС.




© Државен завод за статистика