Во функција на подобрување на соработката и обемот на размена на податоци, вчера се одржа работен состанок на директорите на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, и на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков.
На средбата стана збор за видот и формата на податоците што се разменуваат, роковите, целите за кои може да се користат податоците со особен акцент на заштитата на податоците.
Беше констатирано дека соработката меѓу двете институции е извонредно важна особено што и двете институции, во рамките своите мандати, имаат потреба од користење на податоците на УЈП и на ДЗС.
Во следниот период претстои прецизно дефинирање на сите аспекти на меѓусебната размена на податоци и интензивирање на соработката.