Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Конститутивна седница на Советот за статистика
среда, 19 јуни 2019

 

Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот за статистика.

Собранието на Република Северна Македонија ги именуваше претседателот и 13-те членови на Советот кои во текот на својот мандат од 4 години ќе даваат мислења во врска со Петгодишната програма за статистички истражувања, Годишниот извештај на Државниот завод за статистика, како и во однос на други прописи од областа на официјалната статистика. Советот, исто така, ќе дава мислење и предлози за модернизација и рационализација на државната статистика и за унапредување на меѓународната соработка во областа на статистиката.

Претседател на Советот е проф. д-р Благоја Марковски, а директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, е член на Советот по функција.

 




© Државен завод за статистика