Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Предавање пред студентите од Американ колеџ
вторник, 10 декември 2024

 

Денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група студенти од Американ колеџ кои заедно со своите професорки по предметот Макроекономија, проф. д-р Благица Петрески и проф. д-р Маја Парнаџиева,  го проследија предавањето на директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, на тема Основни економски индикатори.

Директорот Станков, во своето предавање ги објасни основните методолошки концепти на податоците за бруто-домашниот производ, инфлацијата, сиромаштијата и активноста на населението,  начинот на нивна пресметка и соодветно толкување.

Предавањето беше организирано во рамките на активностите на ДЗС со академската заедница за ширење на статистичката писменост и за зголемување на свесноста за значењето на официјалната статистика.

 

     

     




© Државен завод за статистика