Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работна средба на директорот Симовски со министерот за надворешни работи, г. Османи: Попишувањето на нашите граѓани во странство – основа за квалитетни анализи на миграциските движења
понеделник, 01 февруари 2021

 

Денес, директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, и заменикот-директор, г. Илми Селами, остварија работна средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г. Бујар Османи.

Средбата беше посветена на подготовките за Пописот на населението домаќинствата и становите 2021, и улогата што Министерството за надворешни работи ја има во процесот на попишување на државјаните на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во странство.

Ова е прв попис во кој се дава можност нашите граѓани во странство да се самопопишат и да дадат податоци за себе и за своите семејства – истакна Симовски и нагласи дека на ваков начин ќе добиеме реална слика за миграциските движења на нашето население што ќе биде добра основа за градење стратегии и политики за запирање на овој процес.

Министерот Османи истакна дека со цел да се даде максимална поддршка на овој процес на попишување кој е од национален интерес, Министерството за надворешни работи ќе ги мобилизира сите дипломатско-конзуларни претставништва со цел да ги информираат македонските државјани во странство за процесот на самопопишување.

Во периодот што претстои ќе бидат организирани и едукативни онлајн работилници за начинот на самопопишување, а двете институции ќе имаат заеднички тимови кои ќе работат на информирање на населението во странство за сите прашања поврзани со Пописот. 

 




© Државен завод за статистика