Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба со амбасадорката на Обединетото Кралството на Велика Британија и Северна Ирска
четврток, 11 февруари 2021

 

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, имаше средба со амбасадорката на Обединетото Кралството на Велика Британија и Северна Ирска, г-ѓа Рејчел Галовеј.

На средбата стана збор за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, 2021, при што директорот на Државниот завод за статистика ја информираше амбасадорката за самата организација на пописот, техничка и логистичка, како и за предизвиците со кои Државниот завод за статистика се соочува во моментов.

Исто така, амбасадорката беше информирана за кампањата која Државниот завод за статистика ќе ја спроведе во наредниот период, односно ќе се креираат посебна веб страна и Фејсбук страна посветени на Пописот. На крајот од средбата, директорот на Државниот завод за статистика ја искажа отвореноста на Заводот за понатамошна соработка со амбасадата.

 




© Државен завод за статистика