Структура и типологија на земјоделските стопанства,
2016
Почитувани корисници,
Пред вас е публикацијата „Структура и типологија на земјоделските стопанства“ во која се содржани податоци за индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти, нивната класификација според типот на производството, класите на економска големина и стандардната вредност на производството.
Податоците користени за пресметка на типологијата на земјоделските стопанства, како и за економската големина на стопанствата, се добиени од спроведеното истражување „Структура на земјоделските стопанства во 2016 година“ што Државниот завод за статистика го спроведе со финансиска помош од претпристапните фондови на Европската унија во рамките на проектот ИПА 2014.
Државниот завод за статистика континуирано ги следи препораките и регулативите на Европската комисија и Евростат и во таа насока се стреми целосно да ги хармонизира статистиките со земјите-членки на Европската унија. Податоците од ова истражување се во согласност со Регулативата 1166/2008 на Европската комисија за Структурното истражување на земјоделските стопанства, како и со Регулативата 1242/2008 на Европската комисија за Типологија на земјоделските стопанства.
Спроведеното истражување „Структура на земјоделските стопанства“ овозможи прибирање на огромен број податоци за оваа област, а во публикацијата се претставени детални статистички податоци за земјоделската активност, бројот на земјоделските стопанства и голем број индикатори презентирани на ниво на региони, како и според типот на производството и класите на економска големина.
Сите евентуални забелешки и предлози од корисниците во функција на подобрување на содржината и на квалитетот на публикацијата се добредојдени и ќе бидат прифатени со задоволство.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика