+A   |  -A
ппп: 652 | ввв: 193239
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Поглавје 18: Статистика

Правилата на ЕУ бараат од земјите-членки да се во можност да изготват статистики врз основа на професионална независност, непристрасност, веродостојност, транспарентност и доверливост. Предвидени се заеднички правила за методологијата, производството и дисеминацијата на статистичките информации.

Во областа на статистиката, земјата е умерено подготвена. Постигнат е одреден напредок во измината година, особено во однос на ефикасноста во прибирањето податоци и усогласеноста на секторските статистики со стандардите на ЕУ. Останува потребата од дополнителни напори за да се подобри квалитетот на податоците во областа на макроекономските и социјалните статистики, како и за целосно усогласување со правото на ЕУ. Во решавањето на недостатоците наведени подолу, во претстојната година, земјата треба особено:

- дополнително да ги зајакне човечките и финансиските ресурси на Државниот завод за статистика;

- дополнително да ги усогласи статистиките со Европскиот систем на сметки 2010;

- да испраќа целосен сет на табели за Процедурата за прекумерен дефицит (ЕДП) до Евростат.

Во однос на статистичката инфраструктура, правната рамка во голема мера е усогласена со Кодексот на добра пракса на европската статистика. Професионалната независност на Државниот завод за статистика (ДЗС) е загарантирана со закон, но треба да биде зајакната во праксата, вклучително и преку соодветни ресурси. Другите главни производители на официјална статистика, Народната банка и Министерството за финансии потпишаа меморандуми за разбирање со ДЗС. Главните класификации се усогласени со правото на ЕУ и редовно се дополнуваат. ДЗС значително ја подобри ефикасноста во прибирањето податоци, но остануваат проблем достапноста и квалитетот на административните извори на податоци. Во однос на покриеноста, се зголемува преносот на податоци до Евростат.


Во областа на макроекономските статистики, ДЗС во моментов подготвува годишни и квартални податоци за бруто-домашниот производ (БДП) по тековни и по постојани цени во согласност со ЕСС 2010. Изготвени се табелите за годишните секторски сметки и за понуда и употреба. Потребни се дополнителни напори за усогласување на статистиките на владините финансии и за изготвување на квартални секторски сметки. Само делумно се испратени известувањата за процедурата за прекумерен дефицит и сѐ уште не се произведени финансиските сметки. Статистиките на платниот биланс и странските директни инвестиции се прибираат од страна на НБРМ во согласност со најновите стандарди.


Структурните деловни статистики и краткорочните статистики за секторите Индустрија и Градежништво се добро развиени, но потребни се дополнителни подобрувања на квалитетот, како и воведување на краткорочни статистики за услугите и, во целост, за зголемена покриеност на варијаблите. Деловниот регистар претставува добра основа за правење примерок и продукција на податоци, но неговиот квалитет може дополнително да се подобри. Не се достапни статистики за странските подружници. Потребно е понатамошно усогласување на статистиките во областа на туризмот и транспортот. Податоците за истражување и развој и статистиките од областа на информатичките и комуникациските технологии во доволна мера се усогласени со правото на ЕУ.


Во областа на социјалните статистики, ДЗС создаде рамка за примерок за социјални истражувања со нов метод. Пописот на населението не е спроведен во претходниот пописен период; иако податоците за населението редовно се обработуваат, информациите што недостасуваат од последниот попис на населението влијаат на квалитетот на широк опсег на статистички податоци. Треба да се развијат статистики за миграција. Спроведено е истражувањето за приходи и услови за живеење и има напредок во примената на статистичките податоци за социјална заштита. Статистичките податоци за пазарот на трудот во голема мера се усогласени со законодавството на ЕУ, но статистиките за криминалот, образованието и јавното здравство сè уште не се усогласени.


Статистиките за земјоделското производство се делумно произведени во согласност со законодавството на ЕУ и редовно се спроведува Истражувањето за структурата на земјоделските стопанства. Агромонетарните статистики се воспоставени во согласност со законодавството на ЕУ, но сè уште не се обработени податоците за билансот на понуда. Годишните статистики за растително производство треба да бидат усогласени со законодавството на ЕУ. Енергетските статистики главно се во согласност со законодавството на ЕУ. Изготвени се краткорочните енергетски статистики и енергетските биланси. Објавени се статистичките податоци за отпад, води и трошоци за заштита на животната средина, но сè уште не се изготвени салдата на материјалните текови.

Извештај од Европската комисија, 2015

Извештај од Европската комисија, 2014

Извештај од Европската комисија, 2013

Извештај од Европската комисија, 2012 

Извештај од Европската комисија, 2011

Извештај од Европската комисија, 2010

Извештај од Европската комисија, 2009

Извештај од Европската комисија, 2008

Извештај од Европската комисија, 2007


     

© Државен завод за статистика