+A   |  -A
ппп: 642 | ввв: 193208
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Совет за статистика на Република Македонија

Советот за статистика на Република Македонија претставува советодавно и стручно тело на државната статистика.
Советот е составен од претседател и 14 членови кои ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија. Директорот на Заводот е член на Советот по функција.
Претседател на Советот:
  • проф. д-р Благоја Маркоски, професор на Институтот за географија на Природно - математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје
Членови:
  • Линдита Ахмед Јашари, државен советник за политички систем во Собранието на Република Македонија
  • Благоја Ташаминов, вработен во Министерството за финансии
  • Маја Андреевска, директор на Дирекцијата за статистика на Народната банка на Република Македонија
  • Ванчо Стојанов, градоначалник на општина Василево
  • Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница
  • Даниела Стојанова, соработник на истражувачки проекти во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
  • Ристо Ставревски, Кабинет на министерот за внатрешни работи
  • проф. д-р Весна Буцевска, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје
  • проф. д-р Аница Драгоевиќ, професор на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје
  • Горан Јовановски, раководител во Центарот за вработување на градот Скопје од Агенцијата за вработување на Република Македонија
  • Бекир Меџити, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија
 
 
 Во согласност со измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, претседателот и другите членови се претставници на:
  • Собранието на Република Македонија,
  • Министерството за финансии,
  • Народната банка на Република Македонија,
  • Заедницата на единиците на локалната самоуправа,
  • Економско - социјалниот совет,
  • невладини организации,
  • овластени носители,
  • научни институции и
  • органите на државна управа.
 
Советот ги врши следните работи:
  • Расправа за појдовните основи на Програмата;
  • Дава мислење по предлогот за донесување на Програмата;
  • Дава сугестии и предлози во однос на методолошките основи на статистичките истражувања на Заводот и на овластените носители;  
  • Дава предлози за измени и дополнувања на Програмата до Заводот;
  • Дава мислење за предложените измени и дополнувања на Програмата;
  • Дава мислење за Годишниот извештај на Заводот за реализација на Програмата;
  • Дава мислење и предлози по закони и други прописи од областа на државната статистика;
  • Предлага модернизација и рационализација на државната статистика;
  • Предлага унапредување на меѓународната соработка во областа на статистиката.

     

© Државен завод за статистика