+A   |  -A
ппп: 812 | ввв: 203157
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 
Упатство за ажурирање на веб-страницата на Државниот завод за статистика
 

Веб-страницата е единствен производ и сервис кој вклучува потпродукти и услуги наменети за сите видови корисници кои имаат различни потреби и различно ниво на статистичка писменост. Веб-страницата на Државниот завод за статистика (во натамошниот текст:ДЗС), исто така, е единствена во смисла на тоа дека содржи информации за сите области од општествениот и социјалниот живот на земјата, како и податоци за животната средина кои се предмет на статистичките истражувања.

Најголем предизвик е веб-страницата да се структуира на јасен начин и кориснички насочена за корисниците да можат брзо да ја најдат потребната информација. Управувањето на веб-страницата се заснова на следните принципи:


· Статистичката информација се смета дека е официјално објавена кога таа ќе се појави на веб-страницата на ДЗС.

· Веб-страницата на ДЗС се ажурира во 12 часот врз основа на Календарот на објавување.

· Објавувањето на статистичката информација е регулирано во Упатството за подготвување на статистички публикации.

· Концептуалниот развој и воведувањето на нови содржини ќе се врши во консултација со Редакционата комисија на Заводот, со Стручниот колегиум и со одобрување од директорот на ДЗС.

· Администрирањето и ажурирањето на веб-страницата на ДЗС се врши од страна на Одделението за дисеминација, статистички територијален регистар, информирање и маркетинг (во натамошниот текст:ОДСТРИМ) и во Секторот за дисеминација, меѓународна соработка и европски интеграции.



Учесници во процесот на ажурирање на веб-страницата се: раководителот на ОДСТРИМ, раководителите/помошниците-раководители на сектори, стручните лица во одделенијата задолжени за ажурирање на содржината на веб-страницата за делот за кој се одговорни, лекторот на македонски јазик, лекторот на англиски јазик.

Содржината на веб-страницата се ажурира континуирано, односно по секоја настаната промена во соодветен документ, настан или информација, релевантни за содржината на веб-страницата.

Ажурираната содржина на македонски и на англиски јазик ја подготвува лицето од соодветното стручно одделение. Ажурираната содржина претходно ја потврдува непосредниот раководител/координатор на одделението одговорно за соодветната содржина и раководителот/помошникот-раководител на секторот.

Грешките кои се забележани по објавувањето на статистичката информација на веб-страницата се коригираат во согласност со одредбите предвидени во Упатството за постапување со грешки.


     

© Државен завод за статистика