+A   |  -A
ппп: 234 | ввв: 71075
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Правосудство

Статистиката на правосудството се темели врз податоците што се прибираат од редовните статистички истражувања за пријавени,обвинети и осудени полнолетни и малолетни сторители на кривични дела. Податоците се добиваат врз основа на статистичките истражувања од индивидуални статистички прашалници што ги пополнуваат надлежните основни јавни обвинителства и основните судови.
 
 




Клучни показатели
 
  Пријавени полнолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 26069

  Обвинети полнолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 11951

  Осудени полнолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 10312

  Малолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 772

  Обвинети малолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 465

  Осудени малолетни сторители на кривични дела  ( 2015) : 348

Временска серија





Поими и објаснувања

Под поимот полнолетен сторител на кривично дело се подразбира сторител на кривично дело што за време на извршување на кривичното дело имал навршено 18 години, а кривичното дело го сторил како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач.

Како пријавено лице-познат сторител се смета полнолетен сторител на кривично дело против кого постапката по кривичната пријава и претходната постапка е завршена со одлука со која: пријавата е отфрлена, истрагата е прекината, истрагата е запрена или е поднесено обвинение-обвинителен предлог.

Како пријавено лице - непознат сторител се смета непознато лице сторител на кривичното дело, против кого е поднесена кривична пријава во Јавното обвинителство за сторено кривично дело, а сторителот и по истекот на една година останал непознат.

Под поимот обвинето лице се подразбира полнолетно лице против кое во судот е поднесено: обвинение, обвинителен предлог или приватна тужба, против кого кривичната постапка со одлука на судот е завршена правосилно.

Под поимот осудено лице се подразбира полнолетно лице прогласено за виновно и против кое се изречени кривични санкции.

Под поимот малолетен сторител на кривично дело се подразбира сторител на кривично дело што во времето на извршување на кривичното дело имал навршено 14 години возраст, а не навршил 18 години, а кривичното дело го извршил како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач.

Како пријавено малолетно лице се смета малолетно лице на кривично дело против кое постапката по кривичната пријава не е покрената (пријавата е отфрлена), против кое подготвителната постапка е запрена или е поднесен предлог за изрекување казна или воспитна мерка.

Како обвинето малолетно лице се подразбира малолетно лице против кое постапката пред Советот е запрена или не се изречени кривични санкции, како и непресметливо малолетно лице против кое е донесена одлука за примена на мерка на безбедност.

Како осудено лице се смета малолетен сторител на кривично дело на кое со одлука на судот му е изречена кривична санкција - малолетнички затвор или воспитна мерка.

Малолетник што во времето на извршување на кривичното дело навршил 14 години живот, а не навршил 16 години, кој не може да се казни, туку му се изрекуваат воспитни мерки, се смета како помлад малолетник. Малолетник што за време на извршувањето на кривичното дело навршил 16 години возраст, а не навршил 18 години, на кој може да му се изрече малолетнички затвор, се смета како постар малолетник.


 


© Државен завод за статистика