+A   |  -A
ппп: 377 | ввв: 131789
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Структурни деловни статистики

Структурните деловни статистики (СДС) ја прикажуваат структурата на дејностите што се вршат во една економија со следење на работењето и на резултатите од работењето на деловните субјекти во конкретната дејност. Со СДС се обезбедуваат индикатори со кои може да се анализираат: структурата и развојот на дејностите што ги вршат деловните субјекти (број на новосоздадени претпријатија, дистрибуција на производствената вредност, додадена вредност, вработеноста и слично во различните дејности, прометот, додадената вредност, бруто-деловниот вишок и сл.), како и употребените фактори за производство (број на вработените, средствата за вработените, инвестициите во материјални добра) и и другите елементи што ќе овозможат да се добијат податоци со кои ќе бидат измерени работењето и ефикасноста на деловните субјекти

Со тоа се овозможува следење на работењето и на структурните промени на деловните субјекти, што претставува основа за пазарни анализи и за донесување деловни одлуки, а воедно претставува и основа за оцена на основните макроекономски показатели.

 
 




Клучни показатели
 
  Број на активни претпријатија во нефинансискта деловна економија  ( 2015) : 54738 (дефинитивни податоци)

  Број на вработени лица во нефинансискaта деловна економија  ( 2015) : 369237 (дефинитивни податоци)

  Промет во нефинансисктaа деловна економија  ( 2015) : 1075007 мил. денари (дефинитивни податоци)

  Додадена вредност по фактор на трошок на производство  ( 2015) : 230424 мил. денари (дефинитивни податоци)

Временска серија





Поими и објаснувања

Бројот на претпријатија - вкупен број на регистрирани правни или физички лица што биле активни барем во еден дел од референтниот период.

Бројот на вработени - како број на лица што склучиле договор за работа и добиваат плата или друг вид надоместок од работодавецот.

Прометот се дефинира како вкупна фактурирана вредност на продадените производи, стоки и услуги продадени на трети лица што не го содржи данокот на додадена вредност. Финансиските, вонредните и останатите приходи не се вклучени во прометот.

Додадена вредност по фактор трошок на производството претставува бруто-приход од работењето на деловните субјекти по коригирањето со субвенциите и индиректните даноци. Во пресметката на додадената вредност се вклучува вредноста на производството и субвенциите, намалена за даноците на производи и производство и вредноста на меѓуфазната потрошувачка што ги опфаќа трошоците за материјали, производни и непроизводни услуги и дел од останатите лични расходи. Приходите и расходите класификувани како финансиски се исклучени од додадената вредност.


 






© Државен завод за статистика