+A   |  -A
ппп: 385 | ввв: 107358
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Внатрешна трговија

Внатрешната трговија го следи прометот во трговијата на мало, на големо и промет во трговијата на моторни возила и нивните делови и прибор, како и одржувањето и поправката на моторни возила од деловните субјекти (претпријатија, трговски друштва) чија главна дејност е трговија.

Остварен промет е вкупниот промет што го остваруваат деловните субјекти од продажба во трговијата на мало и на големо. Остварениот промет се прикажува по тековни цени според книговодствената евиденција.
 
 





Клучни показатели
 
  Промет во трговијата на големо по производи  ( 2015) : 164260 мил. денари

  Промет во трговијата на мало по производи  ( 2015) : 126965 мил. денари

  Индекс на прометот во секторот Трговија  ( 01.2017/01.2016) : 100.6

Временска серија





Поими и објаснувања

Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата или во странство.

Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството).

Објавување на податоците

Податоците се објавуваат во форма на индекси и се пресметани на база на 2010 година.
Индексите ги одразуваат краткорочните промени во прометот помеѓу два споредбени периода, најчесто тековен во споредба со претходен месец или тековен во споредба со ист месец од претходната година.


 


© Државен завод за статистика