Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање изнесува 164 со површина од 370 305 м2.
Според обработените податоци, 13 629 места за паркирање, со површина од 299 927 м2 се на отворен простор, 1 496...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 1.7% и изнесува 5 397 живородени деца.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2013 година бележи намалување...
На почетокот на учебната 2011/2012 година, најголем број на ученици во основното образование, по училишта, се забележани во Скопскиот регион - 408, а најмалку во Пелагонискиот регион - 118.
На почетокот на учебната 2011/2012 година во средното образование односот ученици - наставник е најголем во Југоисточниот регион и Североисточен - 15, а најмал во Источниот регион -11.
Во периодот јануари-февруари 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 3.5%, а кај странските има зголемување за 10.0%.
Во 2011 година вкупниот број на деца во јавните установи за згрижување и воспитание на деца - детски градинки изнесува 25056, што претставува зголемување за 8.2% во однос на 2010 година
Индексот на цените на мало во март 2012 година, во споредба со март 2011 година, бележи пораст од 2.7%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.4%.
Во 2011 година сопствена веб-страница имале 58,9% од деловните субјекти, а кај 10,4% веб-страницата овозможувала онлајн нарачување.
Увезената електрична енергија во 2011 година (претходни податоци) учествува со 28% во вкупната национална бруто-потрошувачка на електрична енергија, што е за 11,65 % повеќе во однос на 2010.
Финалната потрошена електрична енергија во домаќинствата по жител за 2011 година (претходни податоци) изнесува 1625 kWh/ жител и e за 3,3% повисока во однос на 2010 година.
Финалната енергетска потрошувачка на нафтени продукти во транспортот во 2011 година (претходни податоци) е за 4,2% повисока во споредба со 2010 година.
Бруто-производството на електрична енергија во хидроцентралите во 2011 (претходни податоци) изнесува 1433 GWh што е за 41% помалку во споредба со 2010.
Предадената топлинска енергија во домаќинствата од јавните котлари во 2011 година (претходни податоци) е за 8,2% повисока во споредба со 2010 година.
Просечната возраст при склучувањето на прв брак во 2010 година за невестата изнесуваше 25 години, а за младоженецот 28 години.
Најчесто машко име во 2009 година беше Александар, а женско Марија.
Околу 62% од потрошувачката на едно просечно домаќинство во 2010 година беа наменети за основните потреби за храна, облека, домување и покуќнина.
Во 2010 година жените учествуваа со 39 % во вкупниот број на вработени.
Во 2010 година, 46% од домаќинствата имаа пристап на интернет од дома.
----------------