+A   |  -A
ппп: 318 | ввв: 101951
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

За Државниот завод за статистика

Статистичките информации во денешно време се од суштинско значење за процесот на одлучување во едно општество.

Државниот завод за статистика  е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република  Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.

Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти.

Државниот завод за статистика својата дејност ја реализира во согласност со Законот за државната статистика (1997, 2007, 2011, 2013, 2014, 2015, 2016) заедно со другите учесници во статистичкиот систем на државата дефинирани со Програмата за  статистички истражувања, 2013-2017 .

Официјалната статистика се продуцира во согласност со принципите за неутралност, стручна независност, објективност, рационалност и заштита на индивидуалните податоци.

Стратешките цели и основните вредности се дефинирани во Стратeгискиот план, 2017-2019 и според овој документ визијата на Државниот завод за статистика е да биде препознаен како институција што обезбедува квалитетни, навремени и меѓународно споредливи статистички податоци.

Државниот завод за статистика е лоциран во Скопје и во институцијата работат 288 лица (195 во Централниот завод  и 93 лица во 8-те регионални одделенија).
Од јули 2017 година со Државниот завод за статистика раководи Апостол Симовски кој за својата работа одговара пред Владата на Република Македонија. Во согласност со Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор 
во декември 2015 година донесена е новата организациска шема на институцијата .

Стручно и советодавно тело на државната статистика е Советот за статистика . Членовите на Советот се именувани од Собранието на Република Македонија.

Државниот завод за статистика со благодарност ќе ги прими мислењата и предлозите ( е- пошта: info@stat.gov.mk) од пријателите на македонската статистика за подобрување на достапноста на статистичките податоци.

 

Контакти

Државен завод за статистика
ул. „Даме Груев“ бр.4
тел: 02 3295 600
факс: 02 3111 336; 
 
в.д. Директор
Апостол Симовски
 
в.д. Заменик на директорот
Зирап Адеми
 
Кабинет на директорот
тел/факс: 02 3295 666
факс: 023136-197


Нарачка и претплата на публикации:
тел: 02 3295 850
факс: ++389 2 3111 336;
е-пошта: publikum@stat.gov.mk
 
 
Барања за податоци:
тел: 02 3295 641
; 02 3295 738;  02 3295 741
факс: 02 3111 336
е-пошта: info@stat.gov.mk
 
Библиотека:
тел: 02 3295 838;  
тел:02 3295 638
е-пошта biblioteka@stat.gov.mk
 
Односи со јавноста:
Јасмина Ѓоргиева
 
моб:075/402 335;
е-пошта: press@stat.gov.mk 
 

Контакт со регионални одделенија

 
Скопје
Градски парк, барака бр.8
(градско собрание)
тел: 02 3109 513
контакт лице: Оливера Илиевска
e-пошта:olivera.ilievska@stat.gov.mk
 
Охрид
„Димитар Влахов" бб (општина Охрид)
тел:046 231 241
факс: 046 231 242
контакт лице: Мирјана Јовчевска
e-пошта: mirjanaj@stat.gov.mk
 
Велес
„ЈНА" бр.1 (општина Велес)
тел.043 212 052
факс 043 212 051
контакт лице: Марија Лазовска
e-пошта: marijal@stat.gov.mk
 
Штип
„Васил Главинов" бб (општина Штип)
тел.032 390 767
факс 032 389 767
контакт лице: Сузана Толева
e-пошта: suzanat@stat.gov.mk
 
Битола
„29 Ноември" бр.12
тел.047 202 845
факс 047 202 846
контакт лице: Петре Кривчевски
e-пошта: petrek@stat.gov.mk
 
Куманово
„11 Октомври" бр.11 (општина Куманово)
тел:031 438 102
факс: 031 438 105
контакт лице: Даниела Петровска
e-пошта: daniela.petrovska@stat.gov.mk
 
Струмица
„Ленинова" 23
тел:034 349 641
факс: 034 349 642
контакт лице: Виолета Миланова
 
Тетово
 „ЈНА" бр.56 (општина Тетово)
тел:044 352 210
факс: 044 352 052
контакт лице: Тони Здравковски
e-пошта: toniz@stat.gov.mk
 

     

© Државен завод за статистика