+A   |  -A
ппп: 408 | ввв: 131859
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Информатичко општество

Информатичкото општество е општество базирано врз делотворна примена на информации овозможена од забрзаниот развој и од се поголемата употреба на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ). Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него. Глобалните комуникации, електронската трговија и Интернетот му носат многу придобивки, уште поголем развој, економска експанзија и демократија на развиениот свет.

Мерењето на степенот на развојот на информатичкото општество со следење одредени клучни показатели е процес на постојано ревидирање и унапредување.

И во Република Македонија се наметна потребата за мерење и следење на некои показатели, како што се: опременоста со информатичко-комуникациски технологии (на пр., компјутер, пристап и тип на интернетска поврзаност), степенот, намената на нивното користење, информатичката писменост, бенефициите и пречките при користењето на ИКТ кај различни категории претпријатија, домаќинства, поединци и во јавниот сектор.

Со цел да се одредат достапноста и начинот на користење одредени информатичко-комуникациски технологии, Државниот завод за статистика, од 2005 година, ги спроведува следните статистички истражувања според типот на корисниците:

- Употреба на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти од нефинансискиот и од финансискиот сектор (годишно истражување);

- Употреба на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци (годишно истражување);

- Употреба на информатичко-комуникациски технологии во јавниот сектор (двегодишно истражување).

 
 




Клучни показатели
 
  Домаќинстава со пристап на Интернет  ( 2016) : 75.3 %

  Корисници на Интернет (на возраст, 15 - 74)  ( 2016) : 72.2 %

  Деловни субјекти со 10 или повеќе вработени со пристап на Интернет  ( 2016) : 93.8 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Информатичко општество е израз што означува општество во кое информацијата е клучен составен дел на економските и од социјалните активности.

Информатичко-комуникациски технологии (ИКТ) - подразбира опрема и програма (хардверска и софтверска опрема) за комуникација и размена на податоци (информации) меѓу два или повеќе субјекти, на пример, радиоприемник, телевизор, факс, сателитска антена, фиксен телефон, мобилен телефон, компјутер, Интернет, електронска пошта.

Интернет (World Wide Web) - светска мрежа базирана врз стандардизиран интернетски протокол што овозможува корисниците од различни места да комуницираат и да разменуваат аудиовизуелни информации.

Теснопојасна поврзаност дефинирана според типот на интернетската поврзаност вклучува:
- Dial-up (дајал-ап) - привремена поврзаност со Интернет преку аналоген (стандарден) модем и стандардна телефонска линија и се смета за типичен пример на нискобрзинска конекција, односно конекција со низок капацитет до 56 килобајти во секунда (Kbit/s).
- ISDN - Integrated Services Digital Networк е привремена конекција со Интернет, дизајнирана да овозможи дигитална трансмисија на глас, слика и податоци во исто време, преку вообичаена телефонска бакарна жица со подобар квалитет и брзина (до 128 Kbit/s) од аналогната.
- Мобилна теснопојасна интернетска поврзаност - пристап до Интернет од мобилен телефон со мрежен нискобрзински капацитет, на пример, GPRS и друга мобилна поврзаност со низок капацитет од околу 256 Kbit/s, сметајќи го како збир на капацитет во двата правца (download/upload).

Широкопојасна поврзаност дефинирана според типот на интернетската поврзаност вклучува:
- xDSL - Digital Subscriber Line - технологии (како: ADSL, HDSL, SDSL, VDSL итн.) што пренесуваат податоци со голема брзина (еднаква или поголема од 144 Kbit/s) користејќи ги стандардните бакарни телефонски линии.
- Други фиксни (жични или безжични) конекции со висок брзински капацитет: кабелски модем (кабелска ТВ-мрежа), изнајмени линии, ATM, поврзаност со оптичко влакно, сателитска поврзаност, WiFi, итн.
- Мобилна широкопојасна интернетска поврзаност - пристап до Интернет од мобилна телефонска мрежа со висок капацитет, употребувајќи ја третата генерација (3G) мобилна технологија базирана врз CDMA (Code Devision Multiple Access) како UMTS (Universal Mobile Telephone System - W-CDMA); CDMA2000x; CDMA2000 1xEV-DO) или некои други висококапацитетни мобилни технологии базирани врз GPRS како EDGE (Enhanced Data rates for Global Evolution - EGPRS) итн.


 


© Државен завод за статистика