+A   |  -A
ппп: 401 | ввв: 131834
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Економски сметки во земјоделството

Економските сметки во земјоделството (ЕСЗ) се развиени со цел да послужат како основа за анализа, предвидување и донесување политички мерки за следење на производниот процес и за создавање на примарниот доход од земјоделската економска дејност.

Економските сметки во земјоделството се базираат врз серија меѓусебно поврзани сметки во кои се запишуваат трансакциите и тоа почнувајќи од создавањето на доходот преку акумулацијата на доходот во облик на средства, па се до распределбата и препаспределбата на доходот.

Една од главните карактеристики на економските сметки во земјоделството претставува примената на формулата "количество х цена" при мерењето на производството.

При изработката на сметките се користени податоци добиени од редовните статистички истражувања спроведени во Државниот завод за статистика, годишните сметки од Централниот регистар и податоци за исплатената финансиска помош во земјоделството од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
 





Клучни показатели
 
  Бруто-додадена вредност во земјоделството  ( 2015) : 51 860 мил. денари

  Бруто-додадена вредност во земјоделството  ( 2015/2014) : 2.5% %

  Производство на земјоделската „деловна гранка“  ( 2015) : 87 760 мил. денари

  Меѓуфазна потрошувачка  ( 2015) : 35 900 мил. денари

Временска серија





Поими и објаснувања

Производство на земјоделската "деловна гранка" - претставува збир на производството на сите единици во земјоделската деловна гранка изразено во вредност на производство. Вредноста на единиците одделно е вреднувана по производни цени, а тоа се цените што ги добиваат производителите на земјоделски производи од купувачите за единица произведена стока.

Меѓуфазна потрошувачка - се состои од вредноста на стоките и услугите што се потрошени како инпути во процесот на производството исклучувајќи ги основните средства, чие трошење се запишува како амортизација. Притоа, стоките и услугите што се произведени и потрошени во рамките на деловната гранка и во рамките на истата земјоделска единица, не се запишуваат како меѓуфазна потрошувачка, освен ако не се јавуваат и како производство на деловната гранка.

Бруто-додадена вредност - претставува билансна ставка во производната сметка кај економските сметки во земјоделството. Таа претставува клучна мерка за продуктивноста на земјоделската деловна гранка во економијата и се пресметува како разлика меѓу вредноста на земјоделското производство од една и вкупната меѓуфазна потрошувачка од друга страна.


 


© Државен завод за статистика