+A   |  -A
ппп: 398 | ввв: 131831
Skip Navigation Links

 

Систем за електронско прибирање на податоци (еСтат)




Во насока на осовременување и поедноставување на процесот на прибирање на податоците, Државниот завод за статистика започнува со електронско прибирање на податоци со постепено воведување на е-обрасци за статистичките истражувања. еСтат е наменет за прибирање на податоци од деловните субјекти преку е-образец.

Во апликацијата се влегува со корисничко име и лозинка кои се доставуваат до одговорните лица на деловните субјекти-даватели на податоци за поедини истражувања што ги спроведува Државниот завод за статистика. Со проширување на листата на истражувања за кои се нудат е-обрасци ќе се зголемува и бројот на деловни субјекти кои ќе добијат корисничко име и лозинка.

Имајќи во предвид дека некои деловни субјекти имаат обврска за доставување на податоци за повеќе статистички истражувања, напоменуваме дека истото корисничко име и лозинка ќе се користат за сите е-обрасци. Од таа причина истите треба да бидат споделени со сите лица кои се задолжени за доставување податоци во ДЗС.

Работата со еСтат е едноставна затоа што системот е интуитивен и ве води кон следните чекори, но сепак, ви препорачуваме, пред да започнете со работа да го прочитате корисничкото упатство за работа со еСтат кое станува достапно за вас по пријавувањето во системот.

еСтат тим - Државен завод за статистика.


 




© Државен завод за статистика