+A   |  -A
ппп: 204 | ввв: 67649
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Транспорт и комуникации

ПАТНИЧКИ ПРЕВОЗ

Патничкиот превоз опфаќа превоз на патници во меѓуградскиот и меѓународниот превоз, градско-приградскиот и такси-превозот, железничкиот и воздухопловниот превоз.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јавниот патнички превоз во 2015 година, во однос на 2014 година, бројот на превезените патници со такси-превоз е намален за 6.8%.

Во истиот период, бројот на превезените патници во железничкиот и воздухопловниот превоз е зголемен во однос на меѓуградскиот, меѓународниот и градско-приградскиот превоз.

ТОВАРЕН ПРЕВОЗ

Товарниот превоз опфаќа превоз на стоки во патниот, железничкиот и воздухопловниот превоз.

Во вкупниот товарен превоз, во периодот 2005 -2015 година, учеството на товарниот патен превоз просечно изнесува над 90%, додека во железничкиот превоз учеството е помало од 10%.

Во 2015 година, во однос на 2014 година, превозот на стоки во товарниот патен превоз е зголемен за 15,6%, а во железничкиот превоз намалувањето изнесува 34.1%.

Бројот на регистрирани патнички автомобили во 2015 година, во споредба со 2014 година, е зголемен за 3,2%.

Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на сообраќајни незгоди е зголемен за 13,8%.

 
 




Клучни показатели
 
  Превезени патници во патниот патнички превоз  ( I.2017) : 1 721 илјади

  Превезени патници во железничкиот превоз  ( I.2017) : 102 илјади

  Превезени стоки во железничкиот превоз  ( I.2017) : 303 илј. тони

  Превезени стоки во товарниот патен превоз  ( I.2017) : 13 824 илј. тони

  Превезени патници во воздухопловниот превоз  ( I.2017) : 367 910

Временска серија





Поими и објаснувања

Патник во патен сообраќај е секое лице кое набавило возен билет или соодветна возна исправа и влегло во автобус со цел да се превезе до определено место.

Патник во железнички сообраќај е секое лице кое што за патување користи железничка кола, освен екипажот на колата.

Патник во воздухопловен сообраќај е секое лице кое што за патување користи воздухоплов, освен екипажот во кабината.

Превезени стоки во железнички сообраќај се сите стоки превезени со железнички коли.

Превезени стоки во патен сообраќај се сите стоки превезени со товарни возила.


 


© Државен завод за статистика