+A   |  -A
ппп: 593 | ввв: 175581
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 
Поедноставено партнерско оценување
 
Поедноставеното партнерско оценување (Light Peer Review - LPR) на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија беше спроведено во рамките на финансираниот проект на ЕУ ˝Глобални оценувања на статистичките системи на земјите-кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки, како и земјите од Европската програма за соседство". Компанијата ИКОН-ИНСТИТУТ Паблик Сектор ГмбХ, согласно со договорот со Евростат, беше одговорна за организирање на сите активности и задачи поврзани со LPR.
 
Процесот на оценување беше инициран како одговор на барањето упатено од ДЗС до Евростат во февруари 2010 година. Мисијата за оценување се одржа од 2 до 5 ноември 2010 година. Структурата на LPR е тесно поврзана со методолошкиот пристап користен во процесот на партнерското оценување на земјите-членки на ЕУ. Овој специфичен пристап се фокусира на институционалната околина и деловите за дисеминација во европскиот статистички Кодекс на добрата практика и е составен од следниве принципи: (1) Професионална независност, (2) Мандат за прибирање податоци, (3) Адекватност на ресурсите, (4) Посветеност на квалитетот, (5) Статистичка доверливост, (6) Непристрасност и обејктивност, и (15) Достапност и јасност. LPR е ограничено на националниот статистички институт и на неговата координативна улога во рамките на националниот статистички систем.
LPR резултира со извештај со кој се оценува усогласеноста со Кодексот на добрата практика за избраните принципи на ниво на индикатори. Извештајот е подготвен врз основа на информациите пробрани за време на четиридневната мисија во Заводот, како и врз основа на доставениот материјал од ДЗС и Евростат пред и за време на мисијата (посебно прашалникот за самооценување пополнет од ДЗС). Извештајот вклучува збир на активности за подобрување што ги опфаќаат разгледуваните принципи од Кодексот на добрата практика.
Тимот на оценувачи многу ја ценеше добро подготвената посета и отвореноста на комуникацијата и со вработените во ДЗС и со претставниците од партнерските организации и заинтересираните страни. Тимот на оценувачи е сигурен дека партнерското оценување ќе биде од корист за идниот развој на ДЗС.
 
Членови на тимот на оценувачи:
 
Експерти:
г. Гунтер Копш
 
г-ѓа Хана Шлегрова
Учесник од Евростат:
г-ѓа Јане Уткилен
Набљудувачи:
г-ѓа Букет Хасанчеби (Турски статистички институт)
 
 
г. Драган Вукмировиќ (Статистички завод на Република Србија)
 
 
Преземете го документот во целост на следниот линк: Поедноставеното партнерско оценување

     

© Државен завод за статистика