+A   |  -A
ппп: 610 | ввв: 193062
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

Стратегија за дисеминација 2014-2016

Официјалните статистички податоци имаат фундаментална улога во современото општество. Навремените, целосни, квалитетни, разбирливи и меѓународно споредливи статистички податоци се основа за различни анализи и се дел од процесите на одлучување на различни нивоа. Имајќи го ова предвид, Државниот завод за статистика прави континуирани напори за обезбедување на ефикасна дисеминација на своите производи и услуги.

За да се обезбеди расположливост и достапност на статистичките информации во согласност со потребите на корисниците, подготвена е Стратегија за дисеминација што го опфаќа периодот 2014 - 2016.

Стратегијата за дисеминација на податоците и услугите на Државниот завод за статистика се заснова на Законот за државната статистика, Стратешкиот план за периодот 2014-2016, како и на други документи со кои е планиран развојот на официјалната статистика.

Целиот документ можете да го преземете на следниот линк: Стратегија за дисеминација  2014-2016.


     

© Државен завод за статистика