+A   |  -A
ппп: 317 | ввв: 101891
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Туризам и угостителство

Областа туризам во Република Македонија се следи со месечно статистичко истражување, како и со петгодишни анкети за патувањето на домашното население и со анкети за странските туристи во сместувачките објекти и за странските посетители на граничните премини. Со нив се обезбедуваат месечни и годишни податоци за туристи и ноќевања по видови и категории на сместувачки објекти, земја на припадност на туристите, видови места на престој, за капацитетите и слично. Исто така, се обезбедуваат и податоци за социоекономската структура на домашните и на странските туристи, начинот и целта на патувањето - престојот, како и податоци за големината и структурата на трошоците и други податоци поврзани со патувањето-престојот.

Областа угостителство се следи со тримесечно, годишно, тригодишно и петгодишо статистичко истражување. Со овие истражувања се обезбедуваат податоци за големината на прометот и за неговата структурата според видот на услугите и одделните производи, тримесечно и годишно, како и податоци за потрошувачката на суровини за приготвување храна во угостителството - инпутот, за техничката опременост и за вработените во угостителството според занимањето и образованието, а исто така и податоци за големината на сместувачките капацитети, за техничките и други карактеристики со кои се изразува нивото на комфор и содржината на туристичката понуда.
 
 





Клучни показатели
 
  Број на туристи  ( (06.2017) : 84 778

  Број на туристи  ( 06.2017 / 06.2016) : 118.1

  Број на ноќевања  ( 06.2017) : 197 016

  Број на ноќевања  ( 06.2017 / 06.2016) : 114.6

  Број на домашни туристи (индекс)  ( 06.2017 / 06.2016) : 104.1

  Број на странски туристи (индекс)  ( 06.2017 / 06.2016) : 124.0

Временска серија





Поими и објаснувања

Домашен турист е лице со постојано живеалиште во Република Македонија, кое привремено престојува во друго место надвор од своето постојано живеалиште и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или во други објекти за сместување туристи.

Странски турист е лице со постојано живеалиште надвор од Република Македонија, кое привремено престојува во Република Македонија и преноќува најмалку една ноќ во угостителски или во други објекти за сместување туристи.

Туристичко место е место што ги исполнува основните услови за атрактивност, комуникативност и рецептивност. Според овие критериуми се дефинирани статистичките категории: Скопје, бањски места, планински места, други туристички места и други места.

Сместувачки капацитети се објекти во кои се нудат услуги за сместување гости, изразени во број на соби и легла. Видот и категоризацијата е согласно со националната регулатива.


 


© Државен завод за статистика