+A   |  -A
ппп: 495 | ввв: 181896
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Паритет на куповната моќ

Паритетот на куповната моќ е стапка на конверзија на валутите за елиминирање на разликите во нивото на цените изразувајќи ја вредноста за истото количество и за истите стоки и услуги купени во различни држави со различни валути. Пресметките на паритетот на куповната моќ за споредба се базираат врз податоци за расходните компоненти на бруто-домашниот производ дефинирани со Европскиот систем на сметки (ЕСС 2010), со кој се овозможува рангирање на државите според големината на економијата. Податоците за Република Mакедонија се составен дел на изданијата на Евростат "Statistics Explained". Корисниците може да имаат увид во публикуваните податоци во делот сродни линкови.
 
 




Клучни показатели
 
  Волуменски индекс на бруто-домашниот производ по жител  ( 2016) : 38 (ЕУ28=100)
Повеќе...
  Индекс на ниво на цени на Финалната потрошувачка во домаќинствата  ( 2016) : 46 (ЕУ28=100)
Повеќе...
  Индекс на нивото на цените за храна и безалкохолни пијалоци  ( 2016) : 58 (ЕУ28=100)
Повеќе...
  Индекс на нивото на цените за инвестиции во основни средства  ( 2015) : 56 (ЕУ28=100)
Повеќе...
Временска серија





Поими и објаснувања

Компаративни нивоа на цените

Компаративни нивоа на цените се односи на паритетите на куповната моќ кон девизниот курс.

Паритети на куповна моќ

Паритетите на куповната моќ се дефлатори и конвертори на валутите што ги елиминираат ефектите на разликите во нивоата на цените меѓу државите-членки овозможувајќи споредби на компонентите на БДП и споредби на нивоата на цените.

Стандард на куповната моќ

Стандард на куповната моќ е изведена заедничка валута што ја изедначува куповната моќ на различните национални валути.


 


© Државен завод за статистика