+A   |  -A
ппп: 333 | ввв: 92649
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Бруто-домашен производ

Системот на националните сметки е систем на податоци за секторите на економијата, трансакциите меѓу секторите на економијата и рамка за економската анализа. Во центарот на националните сметки е производството на стоките и услугите, односно бруто-домашниот производ (БДП), кој е главен показател за развиеноста на економијата на секоја држава.

Со податокот за бруто-домашниот производ по жител се врши споредба на развиеноста на државата во однос на други држави, споредба на продуктивноста на трудот и истовремено податок од кој се добиваат податоците за бруто-националниот доход, бруто-штедењето и нето -задолжувањето на државата.

 
 




Клучни показатели
 
  Бруто-домашен производ  ( II.2016) : -1.8 %

  БДП по тековни цени  ( 2016) : 598881 мил. денари (претходен податок)

  БДП по тековни цени  ( 2015) : 558954 мил. денари

  Додадена вредност, волуменски индекси (во однос на истиот период од претходната година %)  ( II.2017) : 98.2

  Додадена вредност  ( II.2017) : 128 211 милиони денари

Временска серија





Поими и објаснувања

Бруто-домашeн производ според производен метод

Бруто-домашниот производ
(БДП) е финален производ на производната активност на резидентните единици и е збир на бруто-додадената вредност од одделните институционални сектори плус данокот на додадената вредност и царините минус субвенциите на производи.

Бруто-вредност на производството претставува вредност на произведените стоки и извршените услуги во текот на една година, независно дали се тие продадени во целост или дел од нив е ставен на залихи.

Меѓуфазната потрошувачка претставува вредност на производите и пазарните услуги што ги употребува производителот како инпути во процесот на производство, исклучувајќи ја потрошувачката на фиксен капитал, т.е. амортизацијата, со цел да се произведат други производи и услуги.

Бруто-домашeн производ според расходeн метод

Бруто-домашен производ
= Финална потрошувачка + бруто-инвестиции + извоз - увоз.

Трошоците за финална потрошувачка се составени од трошоците што ги прават резидентните институционални единици (државата, домаќинствата и непрофитните институции што им служат на домаќинствата).

Бруто-инвестиции (инвестициите во основни средства+промената на залихи)

Инвестициите во основни средства се мерат преку вкупната вредност на набавените минус отуѓените основни средства од производителот во текот на пресметковниот период, плус некои унапредувања на вредноста на непроизведените средства реализирани преку производната активност на институционалната единица.

Промената на залихите претставува вредност на влезот на сите обртни средства во залихи минус вредноста на излезот на тие средства и вредноста на сите периодични загуби на стоки што се чуваат во залихи.

Извозот на стоки и на услуги претставува продажба, бартер или подароци на стоки и на услуги од резиденти на нерезиденти.

Увозот на стоки и на услуги претставува набавка, бартер или подароци на стоки и на услуги на резиденти од нерезиденти.

Извозот и увозот на стоки се вреднувани по принципот ФОБ.

Бруто-домашен производ по постојани цени

Кај пресметките на бруто-домашниот производ по постојани цени се користат ценовни и волуменски индикатори за да ги прикажат реалните вредности на компонентите на бруто- домашниот производ. Стапката на раст што се добива од пресметките по постојаните цени е податок што се користи за споредба на движењето на економијата за секој од агрегатите на бруто-домашниот производ, како и за споредба на тие движења со другите држави.


 


© Државен завод за статистика