+A   |  -A
ппп: 549 | ввв: 182118
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 
Стратегија за метаподатоци 2013-2015

 Како што статистичките метаподатоци стануваат неопходен и значаен дел од статистичките информации за сите инволвирани страни (даватели на податоци, произведувачи на податоци и корисници на податоци), сосема е сигурно дека Државниот завод за статистика (ДЗС) има обврска и ќе оствари значителна придобивка од воведувањето на сопствен метаподаточен систем.

Со цел да се постигне ова, ДЗС треба да се осигура дека избраниот модел на метаподаточен систем ќе ја поддржи работата на организацијата и ќе даде дополнителна вредност.

Значајно е однапред правилно да се планира развојот на метаподаточниот систем кој ќе треба да се развива и приспособува на какви и да е промени во статистичката продукција.

Иднината на статистичките метаподатоци се состои во професионален пристап кон дизајнот на системот и развојот на софтверот за производство на метадата-свесни апликации кои ќе може да ги користат, запишуваат, презентираат, употребуваат и повторно-употребуваат метаподатоците и придружните ресурси што тие ги овозможуваат.

Стратегијата за метаподатоци претставува насока како метаподатоците ќе бидат структуирани, кои стандарди за метаподатоци ќе бидат усвоени, каде и како тие ќе бидат внесени и зачувани, причини за нивното користење и на кој начин тие ќе бидат имплементирани во целокупната архитектура на системот за статистичка продукција на податоци.

Целиот документ можете да го преземете на следниот линк: Стратегија за метаподатоци 2013-2015.


     

© Државен завод за статистика