+A   |  -A
ппп: 520 | ввв: 181987
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
          
 



Сточарство

Податоците за бројот и билансот на добитокот по видови и категории (коњи, говеда, свињи, овци, кози, живина и пчелни семејства) и добиточното производство (производство на млеко, месо, волна, јајца и мед) за земјоделските претпријатија и земјоделските задруги, се базираат на сметководствена и друга евиденција. За индивидуалните земјоделски стопанства податоците се прибираат со Анкетата за бројот на добитокот.

Податоците за добитокот по видови и по категории и добиточното производство се однесуваат на сопствениот добиток со состојбата на 31 декември, независно дали на 31 декември добитокот е сместен на стопанството или се наоѓа на друго место. Податоците за бројот на добитокот и добиточното производство се прибираат со целосен опфат од деловни субјекти кои според Националната класификација на дејностите (НКД) се регистрирани во дејноста земјоделство, а за индивидуалните земјоделски стопанства податоците се прибираат со примерок подготвен од Пописот на земјоделството, 2007 година.
 
 





Клучни показатели
 
  Број на говеда  ( 2016) : 254 768

  Број на свињи  ( 2016) : 202 758

  Број на овци  ( 2016) : 723 295

  Производство на млеко  ( 2016) : 463 446 илј. литри

  Производство на месо  ( 2016) : 21 994 тони

Временска серија





Поими и објаснувања

Говеда:

Бикови се машки приплодни грла.
Волови се машки кастрирани грла, стари над две години, кои се користат за работа.
Јуници се говеда од женски пол, стари над две години, кои не се телеле.
Стелни јуници се говеда од женски пол, стари над две години, од кои се очекува првиот подмладок (пород).
Молзни крави се крави што се чуваат за производство на млеко.Тука се вклучени и стелните крави што во моментот не се молзат.

Овци:

Јагниња и шилежиња се млади овци од двата пола, до 1 година старост.
Овци и женски грла за приплод се женските грла над една година старост што веќе се објагниле и оние од кои се очекува прв подмладок.
Овни и други јалови овци - се сите останати машки и сите останати грла (јалови овци и др.). Тука се вклучени и овците за колење што веќе се објагниле.

Кози:

Јариња се млади кози од двата пола, до една година старост.
Кози се женски грла за приплод над една година старост што веќе се окозиле и оние од кои се очекува прв подмладок.
Јарци и други кози се сите машки грла и сите останати грла (јалови кози и др.).

Свињи:

Назимки се избрани млади женски грла за расплод што сé уште не се опрасиле.
Спрасни назимки се млади расплодни женски грла од кои се очекува првиот подмладок.
Маторици се женски расплодни грла што се праселе барем еднаш.
Нерези се машки расплодни грла.

Живина:

Бројлери се пилиња наменети за тов.
Несилки се сите кокошки што почнале да несат, без оглед на тоа дали јајцата се за консумна употреба или за насад.


 







© Државен завод за статистика