+A   |  -A
ппп: 650 | ввв: 173791
Skip Navigation LinksНасловна За Државниот завод за статистика
 

 Стратегија 2017-2019

Стратегискиот план на Државниот завод за статистика, 2017-2019, е документ што ги содржи приоритетите, целите, програмите, потпрограмите и активностите кои Заводот планира да ги реализира во согласност со дефинираните приоритети во процесот на хармонизација со европските и меѓународните статистички стандарди и со усвоената рамка за управување со квалитет.
Приоритетите, целите, програмите, потпрограмите и активностите дефинирани во овој Стратегиски план се во функција на:
  • Извршување на обврските кои се однесуваат на Државниот завод за статистика од Програмата за статистички истражувања, 2013-2017, која претставува основен програмски документ за работата на статистичкиот систем на земјата;
  • Реализирање на стратегиските приоритети на Владата на Република Македонија (интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ), односно реализирање на обврските од Националната програма за усвојување на европското законодавство (НПАА);
  • Подготовка на Државниот завод за статистика за донесување на новата Програма за статистички истражувања за периодот 2018-2022.
Својата функција и активности, Државниот завод за статистика ги извршува во согласност со Законот за државната статстика и Петгодишната програма за статистички истражувања, 2013-2017.
Во Стратегискиот план се земени предвид препораките на Статистичкиот завод на Европскaта Унија – (Евростат) од редовните годишни мисии на Државниот завод за статистика за следење на напредокот на полето на статистиката, како и од дадените препораки од извршените партнерски оценувања за напредокот на македонската статистика кои се реализираат од страна на Европската комисија.
Структурата на овој план се базира врз правилата и препораките дадени од Владата на Република Македонија.
Цел на официјалната статистика е континуиран развој на статистиката и производство и дисеминација на статистичките податоци во согласност со темелните начела на официјалната статистика. Една од главните задачи на статистичкиот систем е ефикасна и навремена подготовка и дисеминација на квалитетни статистички индикатори кои ги отсликуваат економските и општествените појави и процеси и обезбедување на сигурен извор на податоци за корисниците за анализа на состојбите и за донесување на одлуки.
Во Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/1997, 21/2007; 51/2011, 104/2013, 42/2014 , 192/15 и 27/16) се уредуваат темелните начела на официјалната статистика, организациската поставеност на државната статистика и координативната улога на Државниот завод за статистика во рамките на статистичкиот систем на Република Македонија.
Овластените носители на статистичкиот систем на Република Македонија се дефинирани во Програмата за статистички истражувања, 2013-2017 и, покрај Државниот завод за статистика, дел од статистичкиот систем се:
  • Народната банка на Република Македонија
  • Министерството за финансии
  • Министерството за внатрешни работи
  • Министерството за правда
  • Управата за хидрометеоролошки работи
  • Институтот за јавно здравје
  • Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
  • Агенцијата за вработување на Република Македонија  

 Документ можете да го преземете на следниот линк: Стратегиски план 2017-2019

 Претходни стратегиски планови:


     

© Државен завод за статистика