+A   |  -A
ппп: 601 | ввв: 144397
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Потпишан Меморандум за соработка
понеделник, 22 јануари 2018

 

Во насока на продлабочување на соработката со Републичкиот завод за статистика на Република Србија, директорите на македонскиот и на српскиот Завод за статистика потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдуваат основите врз кои ќе се одвива натамошната соработка меѓу двете институции.


Како што истакна директорот на Државниот завод за статистика, г.Апостол Симовски, потпишувањето на овој Меморандум само ја официјализира досегашната успешна соработка со колегите од Србија и отвора многу можности за размена на знаења и искуства.


Директорот на Републичкиот завод за статистика на Република Србија, проф.д-р Миладин Ковачевиќ, го поздрави потпишувањето на Меморандумот со надеж дека нашите две институции, кои имаат заедничко минато, ќе можат со заеднички сили да работат за остварување на поставените приоритети кои се заеднички за двете институции.

 




© Државен завод за статистика